Атлетика
Ивановски не го заврши маратонот во Германија, тренерот Јакимовски тврди дека организаторот направил голем пропуст (Фото)

Дарио Ивановски е најуспешен македонски атлетичар во последно време на долгите делници и ги урна сите рекорди, па во ситуација кога секој нареден турнир брка да подобри свое лично време, денеска за жал пристигна и едно разочарување.
Македонскиот атлетичар беше нашиот претставник на познатиот маратон на европското атлетско првенство Минхен, Германија, но и еден од 17-мината учесници кои не ја завршија делницата од 42 километри.
Ивановски кој се врати од повреда издржал 25 километри пред да се откаже од настапот, кој според неговиот тренер Јакимовски бил осуден на пропаст поради големата утка на организаторот.
– После цели 20 месеци континуирано професионално настапување во атлетиката и успешно реализирани околу 40-тина меѓународни и домашни атлетски трки со неверојатни 17 рушења на национални рекорди дојде и до едно ДНФ. 31 година сум во атлетиката и ваков податок за врвен атлетичар во светски рамки навистина не сум забележал.
– Денес дури 17 атлетичари не го завршија маратонот во Минхен од 79 стартери. Неверојатен и недозволив пропуст на организаторот да во сред лето ја стави на програмата најтешката дисциплина со старт во 11.30 часот. За тоа и тие самите се свесни и кога тогаш ќе го признат пропустот. Сите светски маратони својот старт го темпираат пред 09.00 часот а тука утката е неверојатна и срамна. Дарио и покрај неодамнешната повреда, стартуваше подготвено и мотивирано за да ја победи на свој начин таа незгодна недела за заборав.
Самиот податок дека трчаше 25км на маратонот доволно кажува дека тој гинел до последен атом пред да застане во неподносливите услови.
Тој е голем и ќе се врати уште посилен. Тоа Ви го гарантираме лично јас и тој. Бидете горди што го имаме Дарио и следниот успех ќе се случи набргу.ГЛАВА ГОРЕ ДАРИО, – гласи пораката на Јакимовски.
-
Евролигапред 17 часа
Антиќ дочекан со овации и аплаузи од навивачите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…
-
Светпред 14 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа
-
Светпред 23 часа
Руди Гарсија: Утката на Роналдо беше клучен момент на натпреварот (Видео)
-
Евролигапред 12 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ го коментираше испадот на неговиот татко: Сме поминале низ војни, знаеме..