Поврзете се со нас

Свет

Историско финале во Копа Либертадорес: Лудачки старт во 30. секунда и херојска титула за Ботафого (Видео)

Објавено

на

Foto: Vítor Silva/ BFR x.com/Botafogo

Најновото финале во Копа Либертадорес ни ја донесе цела магија што може да ја понуди јужноамериканскиот фудбал, бидејќи 65-от завршен чин на ова натпреварување донесе натпревар за паметење.

Средбата започна со невнимателен и лудачки старт на Грегоре уште во 30-та секунда и Ботафого остана со играч помалку уште пред истекот на втората минута, но тоа не ги поколеба играчите во бели дресови кои денеска извојуваа херојска победа, а воедно и титула.

Бразилското дерби на „Монументал“ донесе доминација на Атлетико Минеиро по црвениот картон кој го добие Грегоре, но сосема неочекувано, Ботафого беше тој кој прв дојде до водство и од тој момент натпреварот се промени.

Луис Енрике дочека една топка и погоди за 1:0 во 35-та минута, но девет минути подоцна истиот играч се избори и за пенал кој во гол го претвори Алекс Телјес.

Водството од 2:0 на полувреме предизвика солзи кај навивачите на Ботафого уште по првите 45 минути, но вториот дел започна на најлош можен начин за играчите на овој тим.

Варгас постигна гол за 2:1 и внесе огромна неизвесност во бразилското финале, па иако Атлетико Минеиро нападна со сите сили по втор гол за израмнување, на крајот не видовме такво нешто.

Жуниор Сантош ги излуди играчите на Минеиро со неколку потези при влегувањето во игра, а во 97-та минута стави точка на финалето со голот за 3:1.

Ботафого на најлуд можен начин стигна до првата историска титула во Копа Либертадорес, што го прави 12-ти различен бразилски клуб кој го освоил најпрестижното клупско натпреварување во Копа Америка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни