Поврзете се со нас

ВТА

Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Најдобрата полска тенисерка, Ига Швјонтек со страшно издание дојде до победа и титула на третиот гренд слем во оваа календарска година Вимблдон.

Ига во големото финале ја уништи Аманда Анисимова и со тоа дојде до прв пехар на турнирот во Лондон или вкупно шести на најзначајните настани во светот на тенисот. Швјонтек беше немилосрдна и славеше против Американката со 6-0 и 6-0 и стана прва тенисерка во Опен ерата која добила финале на Вимблдон без притоа да и препушти нити еден гејм на противничката.

Мечот траеше помалку од еден час, а исторската победа на тенисерката од Полска ќе и донесе скок од осмото на третото место на ВТА листата, додека пак Анисимова иако не се прослави денеска со пласманот во финалето за првпат ќе дојде до Топ 10 пласман и тоа на седмата позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни