Европски првенства
Исланд немаше проблеми против Португалија, Полска ја надигра Австрија
Селекцијата на Исланд немаше поголеми проблеми против Португалија во првиот натпревар од групата Б од Европското првенство.
Исланѓаните славеа победа со 28:24 без притоа ниту еднаш да го доведат во прашање името на победникот на овој натпревар.
Уште по првото полувреме Исланд ја реши работата и на пауза замина со 14:10, додека до крајот на натпреварот само ја одржуваше позитивата која во еден момент стигна и до шест голови и на крај сосема заслужено ги однесе поените.
Поголеми проблеми во воведниот натпревар немаше ни селекцијата на Полска која со 36:31 славеше против репрезентацијата на Австрија.
Полјаците приредија изненадување затоа што пред почетокот на натпреварот Австрија беше фаворит на оваа средба.
Натпреварот беше израмнет на почетокот, а потоа Полска ја презеде иницијативата и до крај го контролираше резултатот.
Одличен на теренот беше играчот на Келце, Аркадиуш Морито кој постигна девет погодоци. Ракометарот на Вардар, Патрик Валчак одигра солидно и зад своето име запиша два погодоци.
ФОТО: twitter.com/EHFEURO
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија12 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив