Македонија
Искусен Хрват ќе биде тренер на голманите на Вардар, во петок ќе биде промовиран новиот стратег на „црвено-црните“

Вардар 1961 го освои Купот на Македонија, но потоа падна на последниот испит во домашниот шампионат и остана без посакувната титула во Суперлигата.
Тој пораз од Еурофарм Пелистер во Скопје промени доста работи, па така „црвено-црните“ се разделија со тренерот Гиљермо Милано иако претходно беше договорено да остане уште една сезона. Во петок е закажана пресконференција на која скопскиот тим ќе го промоцира наследникот на Аргентинецот, а според изворите на „Дерби“, тоа ќе биде легендата на Вардар, Иван Чупиќ.
Официјалната промоција на популарниот „Чупко“ се очекува да биде во петок, а тој ќе пристигне во Македонија еден ден порано. Поранешното десно крило, кој влезе во историјата на „црвено-црните“ како стрелец на голот за европската круна, пред неколку месеци имаше интервју за „Спортско радио“ во кое потсети на поврзаноста со Македонија и скопскиот клуб.
Тој работеше како тренер и координатор на клубот во Метковиќ, а тоа му овозможи добар увид во талентите кои се издигаат во Хрватска, па за очекување е дека слично како што Червар го правеше тоа во Металург, Чупиќ да го засили ростерот на „црвено-црните“ со некои „нови клинци“.
Додека се чека на официјалната промоција на Чупиќ, вицешампионот објави дека ќе има и нов тренер на голманите, Марио Келентриќ.
Келентриќ, кој беше дел од златната генерација на Хрватска што ја освои светската круна во 2003 година во Португалија и злато на Олимписките игри во Атина 2004 ќе работи со голманите на првиот тим, со цел подигнување на нивото на индивидуалната подготвеност.
– Со гордост можам да кажам – станувам дел од една голема ракометна приказна! Се приклучувам на РК Вардар – клуб со богата историја и незаборавни успеси. По неколку потешки години, верувам дека Вардар се враќа на вистинскиот пат – на патот на старата слава. Осетив нова енергија, јасна визија за иднината и токму затоа прифатив да бидам дел од овој предизвик. Ќе го вложам моето срце, знаење и искуство – верувам дека заедно можеме да испишеме нови големи поглавја, -порача Келентриќ.
Досегашниот тренер на голмани, Стојан Петрушевски, останува дел од стручниот кадар и ќе биде задолжен за развојот на млади таленти низ младинските категории, како и за скаутирање на нови имиња – со цел создавање на квалитетен домашен производ за иднината на Вардар.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)