Италија
Инѕаги за сликата која ја остави Интер во Неапол: Не заборавајте дека игравме против тим кој е далеку поодморен

Интер поведе во Неапол благодарение на извонредниот гол од слободен удар кој го постигна Димарко, но ремек делото на дефанзивецот сепак не се покажа како доволно за голема победа во битката за Скудетото.
По постинатиот гол, актуелниот шампион се предодреди да го брани резултатот и играше ултра офанзива во второто полувреме, а таквиот пристап беше казнет во самата завршница кога Билинг постигна гол за 1:1.
Овој резултат прави ситуацијата на табелата да биде идентична како пред стартот на ова коло, бидејќи еден бод освои и Аталанта во дуелот со Венеција.
Интер има еден бод повеќе од Наполи, односно три од Аталанта, па останува да видиме кој ќе биде најистраен и најконцетриран во завршниот дел од сезоната.
– Ова беше нависитина многу тежок меч за нас. Првото полувреме беше избалансирано и изедначено, но потоа имавме проблеми во вториот дел. Наполи притисна, но не треба да заборавиме дека игравме против паметен ривал кој има свежи нозе и е поодморен од нас.
– Го заугбивме и Димарко поради мускулен проблем и моравме да го ставиме Дамфрис на левата страна. Моите момци дадоа се што имаа, особено ако се земе во предвид дека игравме тежок меч во Копа Италија во вторникот. Продолжуваме напред и одиме по нашиот пат, оваа сезона е многу изедначена со силни тимови како Наполи и Аталанта, но истото важи и за Јувентус и Лацио, – изјави Инѕаги.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон