Италија
Инѕаги: Сезоната ќе биде успешна и без Скудетото

Симоне Инѕаги наследи шампионски тим од Антонио Конте, но и доста проблематични ситуации ако се знае дека составот остана без своите најдобри играчи минатата сезона.
Заминувањата на Лукаку и Хакими беа сериозен потрес и многумина веднаш го отпишаат Интер од битката за титулата во Серија А, но тимот на Инѕаги влегува со математички шанси за трофејот во последното коло.
Интер не зависи од себе и ќе мора да победи против Сампдорија и да чека услуга од Сасуоло на мечот против Милан, но без оглед на епилогот од овие два меча, Инѕаги верува дека оваа сезона на Интер е успешна.
Симоне уште претходно откри дека кога пристигнал во Интер, упрвата на клубот побарала од него да обезбеди само топ четири и да се бори за титулата во Купот, а тимот веќе освои два трофеи и утре влегува во завршната битка за трет.
– Сезоната е успешна за нас и без Скудетото. Освоивме две титули, онаа во Суперкупот и во Купот, се покажавме во најдобро светло и се вративме во една нокаут фаза во Лигата на шампионите. Сега, се бориме за титулата во последниот ден. Гледам многу добри причини за заклучок дека ова е добра сезона.
– Судбината не е во наши раце, но мора сериозно да пристапиме на мечот со Сампдорија и да оствариме победа. Видовме што може да направи Сампдорија против Фиорентина и не смееме да земеме ништо здраво за готово. Да ја завршиме нашата работа и да видиме што ќе ни донесе тоа, – изјави Инѕаги.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 23 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Италијапред 24 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
АТПпред 21 час
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон