Лига на шампиони
Инѕаги по ремито на „Итихад“: Ќе беше подобро ако урнев еден друг рекорд на Сити

Симоне Инѕаги мора да биде задоволен од поставеноста и изданието на неговиот Интер против Манчестер Сити, но не и од некои реакции во самата завршница од акциите кои беа навистина стопроцентни.
Дармијан и Мхитаријан имаа големи шанси да го матираа Едерсон, но посебно се истакна грешката на дефанзивецот кој наместо да шутира, реши да ја враќа топката назад кога беше сам пред голот на домашниот тим.
Симоне Инѕаги посочи дека Интер не смее да им простува на противници како Сити и Реал Мадрид, па затоа и жали што не урна еден рекорд на англискиот тим кој датира веќе шест години.
– Потребна ни е луцидност во завршната третина од теренот, ова ни се случува и во Серија А. Мора да покажеме умешност и квалитет пред голот, знам дека го имаме тоа во тимот. Ова е прв меч на кој не постигнавме гол оваа сезона и мора да работиме на завршницата.
– Против тимови како Манчестер Сити и Реал Мадрид, мора да постигнете гол кога имате шанса, инаку после тие ќе ве казнат, – изјави Инѕаги, кој беше потсетен дека Интер е првиот тим кој не примил гол на „Итихад“ од 2022-ра година.
– Ќе бев позадоволен ако им го упропастев другиот рекорд. Знам дека тие се непоразени на домашен терен во Лигата на шампиони од 2018-та година, – изјави Инѕаги.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план