НБА
Индијана и Њу Орлеанс први патници во полуфиналето на НБА Купот (Видео)
НБА Купот е натпреварување кое беше промовирано оваа сезона, а полека се стигна до полуфиналната фаза од која рано утрово станаа дел Индијана Пејсерс и Њу Орлеанс.
Бостон има далеку подобар скор од Индијана на Истокот и важи за најдобар тим во оваа конференција на стартот на новата НБА сезона, но сепак тоа не носи никаква предност во дуелите кои носат елиминација.
Пејсерси остварија победа на домашен терен со резултат 122:112 и се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во НБА купот, турнир во кој напредуваше и Њу Орлеанс со победа на гостувањето кај Сакраменто.
Индијана одигра неверојатна тимска партија и успеа да ги неутрализира двете најголеми ѕвезди на Бостон, па така Тејтум и Браун мораа да се помират со пораз и покрај тоа што уфрлија по 32 и 30 поени.
На второто четвртфинале, најдобар поединец во редовите на Њу Орлеанс беше Инграм со 30 поени, а во победата од 117:127 се истакна и Џонс со 23 поени.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Балкан7 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)