Поврзете се со нас

Англија

Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Касемиро е еден од најплатените играчи во Манчестер Јунајтед и многумина често знаат да ја доведат во прашање трансфер политиката на клубот за долгогодишниот договор кој го доби Бразилецот, но во ситуација кога искуството се очекува да биде многу важно за новиот тим кој го гради Рубен Аморим, очекувањата се поранешниот фудбалер на Реал да добие уште една шанса.

Популарниот Касе имаше доста подеми и падови откако се пресели во англискиот фудбал, но посебно лош беше на стартот на минатата сезона, кога и целосно отпадна од селекција на важни натпревари.

Касемиро се мачеше и во првата фаза од етапата на Аморим, но сезоната ја заврши како стандарден стартер, а тоа се очекува да остане така и во новата кампања.

Во цела своја играчка кариера, Касемиро бил познат по својата пожртвуваност и максимално залагање на теренот, но од последните фотографии, слободно може да се заклучи дека се потрудил и за очигледна промена во изгледот.

За разлика од пред 12 месеци, Касемиро изгледа целосно фит на подготовките под водство на Рубен Аморим, па неговата физичка трансформација брзо стана тема на разговор на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни