Италија
Имобиле донесе победа, па порача: Секогаш го ставам Лацио на прво место…
Лацио се избори за победа во дуелот со Фиорентина и тоа со погодок во последните секунди и тоа со удар од 11 метри кој го искористи Чиро Имобиле.
Капитенот кој се мачи со повреди и слаба форма влезе во самата завршница и успеа да даде победнички гол кој дефинитивно многу му значи по критиките кои ги доби од дел од навивачите во последно време.
-Секогаш прво мислам на тоа што е најдобро за тимот, јас се ставам на второ место . Момците беа добри, тоа беше отворен натпревар, можевме да победиме или да загубиме, но бевме наградени што повеќе верувавме. Ни недостигаат голови од нашите напаѓачи и кога создавате толку многу шанси, треба да бидете остри, да влезете на вистинските позиции и да бидете со чиста глава пред голот. Вечерва ја сочувавме мрежата и тоа е исто така важна работа на која треба да се надоврземе, -истакна Чиро и додаде:
-Ни требаат вакви игри. По грубиот старт се чувствувавме многу опуштено и тоа не помогна. Сега треба да продолжиме да собираме поени и да ја задржиме таа верба. Јас сум мирен сум, семејството е покрај мене. Голот сакам да му го посветам на татко ми кој во последната недела имаше тешки моменти. И на мојата сопруга, на моите деца, тие се покрај мене и ме смеат, -порача напаѓачот за „Скај Спорт Италија“.
Лацијалите со 16 бода се на 7 место на табелата.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)