Поврзете се со нас

Свет

Илиев конечно застана меѓу стативите: Во дебито за Серед имаше супер интервенција и прими три гола (Видео)

Објавено

на

Потенцијалниот македонски репрезентативен голман, Дејан Илиев конечно застана меѓу стативите откако и минатата сезона не доби многу шанса да брани на Островот.

Позајмицата во Шрузбери не се покажа како најидеално решение, а Арсенал, очекувано воопшто не сметаше на него.

Сега Илиев повторно реализира трансфер како позајмен фудбалер во таборот на Серед чии бои ги бранеше и пред две години.

Струмичанецот во своето второ деби за словачкиот тим прими три гола на натпреварот со Ружемберок во чии редови не беше Тихомир Костадинов кој очекува трансфер во Слован Братислава.

Треба да се напомене дека Илиев не беше виновен за ниту еден гол, еден беше постигнат од пенал, еден автогол, а при третиот погодок нашиот голман не можеше да реагира. На стартот на средбата Илиев со одлична интервенција со нога спречи сигурен гол за Ружемберок кој на крајот славеше против Серед со 3:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни