Свет
Играчи на Ботафого го спасуваа Бразил во Чиле (Видео)

Бразилската фудбалска репрезентација се врати на вистински колосек во квалификациите за Светско првенство, но иако тоа го направи многу потешко од очекувањата, најважно е што освои три бода.
Чиле е далеку од реномето кога важеше за голема светска сила со играчи како Артуро Видал и Алексис Санчес, па во ситуација кога оваа селекција е претпоследна на табелата, беше јасно дека Бразил мора да брка победа и три бода.
Натпреварот не почна добро за гостите кои беа „поздравени“ од Варгас уште во втората минута, но Бразил во продолжение успеа да постигне два гола и да се погрижи за пресврт, и тоа благодарение на играчи кои обично не се во првиот тим.
Двајца првотимци на Ботафого добија шанса од селекторот Доривал Жуниор, а мора да се напомене дека ја искористија довербата и одговорија со два гола.
Игор Да Круз израмни на 1:1 непосредно пред крајот на првиот дел и тоа беше голем потстрек за „кариоките“, кои сепак чекаа до 89-та минута за вториот гол.
Луис Енрике се покажа како „џокер“ за фаворитот, бидејќи неговиот продор по десната страна заврши со гол во мрежата на домаќините за 1:2.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре