Шпанија
Играч на Реал испрати иронична порака откако остана без повик за ЕП, па мораше да дава објаснување
Реал Мадрид полека се подготвува за најголемиот настан во европскиот фудбал и почнуваат завршните подготовки за големото финале во Лигата на шампиони, но дел од играчите кои настапуваат за „кралскиот клуб“ денеска дознаа дали ќе настапуваат на Европското првенство.
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го соопшти списокот на повикани фудбалери и конечно стави крај на сите шпекулации, а интересно е тоа што надвор од списокот остана Лукас Васкез.
Фудбалерот на Реал Мадрид не доби шанса како замена за десната бековска позиција, бидејќи покрај неговиот соиграч Дани Карвахал, за континенталниот турнир повик доби и Хесус Навас.
Васкез извиси во дадениот случај и останува без големиот репрезентативен настан, па преку социјалните мрежи испарти иронични емотикони со насмевки, пред да реши самиот да ја избрише објавата.
Со оглед на тоа што денеска е „медија денот“ во Реал во пресрет на финалето во ЛШ, Лукас брзо доби шанса и да даде објаснување за својот потег.
– Немаше никаква врска со списокот, тоа беше мој одговор на еден постар твит. Видов што се случи и каква приказна се направи и затоа го избришав. Им посакувам многу среќа на играчите кои се избрани. Ќе им давам максимална поддрршка и секогаш ќе навивам за нашата репрезентација, – изјави Васкез.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)