Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ откри како го убедил Мората да се пресели во Милан

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Калчолигашот Милан сака да донесе повеќе засилувања во овој преоден рок, се поврзува со доста имиња, но засега затворена е само една звучна операција, трансферот на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората.

„Росонерите“ ја активираа откупната клаузула која ја имаше во договорот со Атлетико Мадрид, а притоа го убедија Мората да се пресели во Милано.

Значајна улога го зделката одиграл и Златан Ибрахимовиќ кој откри како Алваро кажал „ДА“ за трансферот на „Сан Сиро“.

-Му кажав дека Милан е идеално место и дека позицијата „9“ е најдобрата што можеме да ја понудиме, со играчи како Пулишиќ, Леао и Чуквуезе околу него. Сакаме само да биде среќен за да може да се претстави подобро. Не знам за играчи кои се незадоволни во Милан. Ова е место каде што треба само да се фокусирате на фудбалот.

-Ние сме супер самоуверени и оптимисти, го пречекуваме со раширени раце. Тој само треба да биде свој. Лично сакам да бидам 13-ти играч на Милан на теренот, бидејќи нашите навивачи се 12-ти, -порача Ибра во негов стил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни