Свет
Ибрахимовиќ го прозва Балотели, Марио му одговори во негов стил (ФОТО)
Златан Ибрахимовиќ веќе неколку месеци официјално е во фудбалска пензија и нема обврски што значи има повеќе слободно време, па така славниот ас искористи дел од истито и беше еден од гостите на настанот организиран од реномираниот италијански медиум „Газета Дело Спорт“.
Тој беше во позиција да говори за повеќе теми, искуство, работата низ годините и го спомена Марио Балотели како играч кој не го искористил потенцијалот, талентот што го имал и поседувал.
-Кога едно дете има можности максимално да го искористи својот талент и не ги користи, тоа е штета. Балотели имаше толку многу можности и сите ги пропушти, го фрли својот талент. Тоа е вистината, -порача Ибра.
Веднаш стигна одговорот од актуелниот член на турска Адана кој објави фотографија со трофејот од ЛШ и при што го тагна Ибрхаимовиќ.
Ибра никогаш не успеа да го освои трофејот од елитното натпреварување, Балотели тоа го направи со Интер и тоа само една година откако Швеѓанецот се пресели во Барселона.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план