Поврзете се со нас

Свет

Хумелс за тешката повреда на Мусиала: Двајцата се виновни…

Објавено

на

Џамал Мусиала доживеа тешка повреда на мечот со Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство, повреда која ја заработи по еден дуел со голманот Џанлуиџи Донарума.

Германецот и Италијанецот се судрија во завршницата на првиот дел, настрада дефанзиецот кој заработи скршеница на левата нога и сега го очекува долга пауза од терените, односно би требало да се врати дури во 2026 година.

Имаше коментари и се разви дебата околу тоа дали Донарума е виновен, дали можел поинаку да се постави и да реагира, но според Матс Хумелс вината мора и треба да се побара кај двајцата.

-Тоа беше сосема нормална акција. Воопшто не брутална. И двајцата играчи имаат удел во повредата. Така јас би кажал. Понекогаш препознавате ситуации кои се едноставно ризични, каде што можете многу брзо да се повредите. И за мене, тоа изгледаше како повреда уште од самиот почеток.

-Повредата е навистина лоша, тој е одличен играч, но… на секој натпревар, играчите и голманите се во тешки ситуации, а [предизвиците] се значително помалку чисти, -истакна Хумелс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни