НБА
Холидеј со „кражба на сезоната“ ја откажа Индијана, Бостон со голем пресврт до предност од 3:0 (Видео)
Бостон е недопирлив тим на Истокот цела натпреварувачка сезона, а тоа го докажува и со своите изданија во плејофот, каде сега е на само еден чекор од големото финале.
Селтикси се покажуваат како далеку поквалитетен тим од Индијана во клучните моменти и рано утрово стигнаа до предност од 3:0 во конференциското финале, па зелените сега се на само една победа од ново финале во НБА лигата.
Бостон подобро го отвори третиот меч, прв на гостински терен, но Индијана брзо одговори и направи фантастична серија со која се одлепи на двоцифрена предност, а тоа го одржуваше до средината на третиот период.
Пејсерси беа подобар тим и изгледаше дека ќе намалат на 2:1, но иако водеа 84:66 (18 поени разлика), на крајот тоа се покажа како недоволно за прв триумф во пресметките со Бостон.
Гостите се вратија во игра и го внесоа мечот во неизвесна завршница, а во такви услови повторно повеќе нерви имаа играчите на Бостон, исто како што беше и на првиот меч во серијата.
Овојпат клучен беше Џру Холидеј кој режираше „кражба на годината“ на неколку секунди пред крајот, за потоа со сигурно изведени слободни фрлања да го реши победникот (111:114).
Дефанзивниот потег на Холидеј на крајот ја направи главната разлика, а што се однесува до офанзивата, убедливо најдобар беше Тејтум кој мечот го заврши со 36 поени, 10 скокови и 8 асистенции.
Jrue holiday with the STEAL OF THE YEAR 🔥 pic.twitter.com/rIEoBMDN99
— NBACentel (@TheNBACentel) May 26, 2024
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)