Поврзете се со нас

Германија

Хофенхајм остана непоразен на „Алијанц Арена“, Дортмунд се изглупира против Штутгарт (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Баерн Минхен не може да влезе во посакуваниот ритам под водство на Томас Тухел, па така попладнево актуелниот германски шампион претрпе уште еден шок и тоа во Бундеслигата.

„Баварците“ иако беа апсолутини фаворити освоија само бод во пресметката со Хофенхајм која заврши со резултат 1-1. Домаќините упарија преку 20 удари кон противничкиот гол, ја имаа топката во своите нозе, ама сето тоа беше залудно затоа што не се освоија три посакувани бода.

Павар во 17 минута донесе водство за фаворитот, водство кое беше активно до 71 минута кога Крамариќ стрелаше од слободен удар.

До крајот немаше промени, но без разлика на тоа Баерн останува на врвот на табелата со два бода позитива во однос на Борусија Дортмунд која се изглупира на пресметката со Штутграт.

„Милионерите“ водеа со 2-0 и имаа играч повеќе од 39 минута, меѓутоа му дозволија на противникот од 78 до 84 минута да дојде до 2-2. Потоа гостите собраа сили и преку Рејна остварија ново водство во 93 минута, меѓутоа во 97 Шттугарт ја искористи лошата реакција на Кулибали и со голот на Силас ги постави конечните 3-3.

На другите дуелите Лајпциг-Аугзбург 3-2 и Келн-Мајнц 1-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни