Поврзете се со нас

Свет

Хезоња го критикуваше Матео, тренерот на Реал му одговори: Ако тоа е вистина…

Објавено

на

foto:x.com/mariohezonja

Реал Мадрид не е на посакуваното ниво на стартот на новата сезона каде веќе има претрпено четири порази на седум натпревари во сите конкуренции.

Последниот беше во шампионатот каде загуби од Билбао со 83:79 и со учинок 1-2 е дури на десеттото место на табелата. Поради овие резултати, изданија постои нервоза, незадоволство и потврда за тоа е реакцијата на Марио Хезоња кој отворено го критикуваше тренерот Чус Матео.

-Тој постојано не менува, а ние не можеме да го најдеме нашиот ритам со новите играчи. Ќе мора да работиме навистина напорно ако сакаме да постигнеме нешто оваа сезона, -истакна Хезоња по што стигна одговорот од предводникот на „кралевите“.

-Ако тоа е вистина, за што не сум сигурен, можам да разберам дека беше фрустриран во тој момент. Но, ние внатрешно разговараме за овие работи. Не ги објавуваме јавно. Да останеме смирени и да продолжиме да работиме, -порача Матео.

Шпанскиот првак ќе одигра три меча во такот на оваа седмица, Басконија и Панатинаикос му се ривали во Евролигата, а Баскет Џирона во АЦБ лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни