Англија
Гвардиола за повредата на големото засилување: Нико експресно се запозна со англискиот фудбал (Видео)

Манчестер Сити се испоти за да победи на гостувањето кај третолигашот Лејтон Ориент, а како многупати оваа сезона, и овој натпревар донесе една лоша вест за Пеп Гвардиола кога е здравствениот билтен во прашање.
Нико Гонзалес дебитираше веднаш откако направи трансфер во завршницата од зимскиот преоден рок, но денеска издржа на теренот 20-тима минути.
Играчот за врска доби удар и противнички фудбалер заврши врз него во акцијата во која Лејтон Ориент постигна гол од половина терен, па Пеп Гвардиола порача дека Шпанецот брзо се запознал со реалноста која ја носи англискиот фудбал.
– Нико веднаш се запозна како ќе биде во Премиер лигата и каков ќе биде критериумот на судиите. Знам дека кога нема ВАР е потешко за нив, но имаше една или две ситуации кои ни нанесоа штета.
– Го велам ова бидејќи победивме, да беше поинаку, ќе останев мирен. Исто така, имаше гламурозен пенал кој не ни беше досуден, но тоа е тоа. Нико брзо сфати каков е англискиот фудбал. Не знам колку е силен ударот, но тој не можеше да продолжи, – изјави Гвардиола.
🚨 The moment Nico Gonzalez was injured 🚨
— The HM ⚽️ (@thehmnws) February 8, 2025
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда