Лига на шампиони
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме

Манчестер Сити со една нога е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите по победата како гостин против тимот на Борусија Мехенгладбах со 2:0.
„Граѓаните“ ја продолжија неверојатната серија од 17 натпревари по ред во кои прокнижуваат само победи во сите натпреварувања, па јасно е јавноста да ги гледа како фаворит за освојување и на титулата во Лигата на шампионите.
Гвардиола запрашан дали го гледа неговиот тим како фаворит за пиедесталот во најелитното европско натпреварување, тој истакна дека гледајќи ги игрите на Баерн Минхен, не би рекол дека тие се фаворити.
– Кога го гледам Баерн не би рекол дека ние сме фаворити. Овој натпревар го контролиравме, точно е тоа, но кон напред не бевме доволно добри. Тоа мора да го подобриме во ова натпреварување затоа што во Лигата на шампионите мора да бидеш совршен ако сакаш да дојдеш до прилика да се бориш за трофејот.
– Ако луѓето мислат дека сме фаворити, ние тоа треба да го прифатиме, но како може да биде фаворит тим кој во својата историја има само едно полуфинале во Лигата на шампионите? Како? Но, ако се зборува така, ние ќе ја прифатиме таа улога, -јасен беше Гвардиола.

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 18 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 17 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)