Поврзете се со нас

Англија

Грилиш го искористи концертот на „Оејзис“ за да испрати порака до фановите на Сити (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Легендарниот британски бенд „Оејзис“ ја стартуваше својата повратничка турнеја и привлекува големо внимание со своите настапи, а последното шоу во Манчестер не останало пократко за неколку спортски ѕвезди.

Џек Грилиш не ја пропуштил можноста во живо да го следи случувањето на „Хитон парк“ во Манчестер, а за време на настанот, англискиот репрезентативец ја искористил приликата за да има неколку конверзации со фанови на Сити.

Неговата иднина во Манчестер Сити е доведена во прашање и Пеп Гвардиола веќе му препорача да си бара нов клуб, па иако најверојатно ќе дојде до такво нешто, Грилиш преку конверзацијата со еден фан на Сити, ја долови цела љубов која ја чувствува кон клубот.

– Го сакам Сити повеќе од се!

– Дали знаеш што сакам повеќе од се? Тоа се фановите на Манчестер Сити, тие се најдобрите во светот, – гласи пораката на Грилиш која стана вирален хит.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни