Поврзете се со нас

Конференциска лига

Грците не сакаат поддршка за Миовски: ПАОК забрани македонски знамиња на „Тумба“

Објавено

на

https://twitter.com/bojanmiovskii

ПАОК и Абердин вечерва се соочуваат во рамките на 4. коло во Конференциската лига на УЕФА, средба на која се присуствуваат и гостински навивачи кои добија инструкции, правила кои мора да ги почитуваат на стадионот „Тумба“ во Солун.

Едно од тие правила е да не се внесуваат македонски знамиња, поточно тоа е забрането од страна на Грците. Причината дефинитивно за тоа е нашиот Бојан Миовски кој е една од ѕвездите на Абердин, играч кој постојано има поддршка од навивачите, скоро секогаш има македонско знаме на трибините.

Ако на ова се додаде дека Бојан имаше специфична прослава на претходната средба во Шкотска, тогаш повеќе од јасно е зошто грчкиот клуб ова го прави, па проверката при влезот на стадиинот ќе биде темелна.

Миовски со патриотска прослава ги „поздрави“ Грците (Фото)

Инаку ПАОК има 9 бода, Абердин само 1 и гледано од тој аспект оваа средба нема некое големо резултатско значање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни