Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар се засили со напаѓач со огромно искуство во германскиот фудбал (ВИДЕО)

Објавено

на

Гостивар имаше добри и лоши изданија во првиот дел од оваа сезона во Првата македонска лига, па со 24 бода ја заврши есенската етапа на петтата позиција на табелата.

Амбиците на клубот се високи и во продолжението ќе се обиде да се вмеша во борбата за местата при самиот врв, цел во која треба да помогнат потезите кои се влечат во овој зимски преоден рок. Најновото засилување за гостиварци е напаѓачот Петар Слишковиќ кој има огромно искуство со настапи во германскиот фудбал.

Тој преку школата на Мајнц 05 стигнува и до првата екипа, а меѓу позначајните тимови за кои играл во Германија се Сент Паули, Динамо Дрезден и Дуизбург.

Последните два ангажмани му се во Индија од каде доаѓа во Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни