Поврзете се со нас

Македонија

Големо засилување за клубот од Штип: Брегалница го врати Мојсов во македонскиот фудбал

Објавено

на

Новиот македонски прволигаш Брегалница го донесе првото големо засилување за наредната сезона-тоа е поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов.

Брегалница успеаа да достави понуда која го убеди дефанзивецот Мојсов да се врати во домашниот фудбал по 11 години, односно по епизодите во Војводина, Бран, Лирс, Адана и АЕК Ларнака каде беше во изминативе пет сезони.

-За нас претставува задоволство што добиваме големо засилување за новата прволигашка сезона. Се работи за искусен интернационалец, поранешен репрезентативец со богато интернационално искуство кој треба да донесе стабилност во тимот но и силен поттик за развој на младите фудбалери во нашиот состав, – истакна за клупскиот сајт спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Клубот од Штип утре ги започнува подготовките за новата сезона, до 28 јуни ќе работи на домашен терен по што ќе се пресели во Пехчево каде на 3 јули ќе го одигра првиот контролен меч против Борец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни