Светски првенства
Големата победа над Германија доби и анимирана верзија: На урнебесен начин отсликани најважните моменти од средбата (Видео)
Големата победа на репрезентацијата на Македонија против Германија се уште е актуелна тема во фудбалскиот свет.
По многубројните пофалби за нашите фудбалери и низата критики за Германците, сега во јавноста се појави и анимирано видео кое во целост ги долови најинтересните моменти од оваа средба.
Момците од „Just Cartoons“ кои редовно прават анимирани верзии на најзначајните моменти од светот на фудбалот сега се решија на урнебесен начин да го претстават натпреварот од Дуизбург.
Така, свое место на видеото си доби и главниот судија на натпреварот, Русинот, Сергеј Карасев кој беше претставен во вистинското светло. Луѓето кои го изработија видеото не пропуштија прилика да се пошегуваат и со Емре Џан, но и со најголемиот трагичар на натпреварот Тимо Вернер, кого македонските фудбалери го носат на раце на крајот на клипот.
Во последниот дел од видеото се гледа како Пандев го вози популарното „фиќо“ со кое репрезентацијата на Македонија го размонтира германскиот тенк среде Дуизбург.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план