Македонија
Голема чест за младите играчи на Лазаров: Легендарниот Џомба присутен на тренингот на Алкалоид (Видео)

Алкалоид ја отвори сезоната со освоен трофеј во Супер Купот и тоа им дава дополнителен потстрек на избраниците на Кирил Лазаров, кои денеска беа посетени и од една голема хрватска легенда.
Мирза Џомба денеска бил присутен на тренингот на првиот тим на Алкалоид и главна причина за посетата е тренерот Кирил Лазаров, со кого Хрватот има план да одработи разговор за својата ТВ емисија.
Меѓу другото, Џомба го искористил денешниот ден за да ги запознае играчите на тимот кој го предводи Кире, а тоа дефинитивно е огромна чест за ракометарите на клубот од Автокоманда.
– Мирза Џомба, иконата на хрватскиот ракомет го посети нашиот РК Алкалоид во Скопје и беше присутен на тренингот на првата екипа. Неговата присутност на тренингот беше инспиративна, а имаше и кратки средби и запознавање со нашите ракометари.
– Мирза Џомба е освојувач на златен медал од Светско првенство и Олимписки игри со легендарната генерација на хрватската репрезентација. Своевремено беше соиграч со нашиот тренер Кирил Лазаров во хрватски РК Загреб и унгарски Веспрем.
– По завршувањето на кариерата во спортот е активен во медиумскиот дел, па за време на престојот во Скопје, ќе сними и епизода од својата ТВ емисија во која специјален гостин ќе биде Кирил Лазаров, – гласи објавата на Алкалоид.
View this post on Instagram
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план