Свет
Голем скандал во најава: Португалски великан обвинет за корупција и местење натпревари

Бенфика замина на репрезентативна пауза во позитивна атмосфера откако го декласираше Атлетико Мадрид со 4:0 во Лигата на шампиони, но десетина дена подоцна овој португалски великан доби навистина лошо известување, и тоа од националното правосудство.
Сите угледни медиуми од Португалија оваа вечер информираа дека правосудниот орган поднел тужба против Бенфика и поранешните вработени на овој клуб, сето тоа поради сомнеж за корупциски скандал и местење натпревари во периодот од 2016-та до 2019-та година.
Во прв план на тужителите се поранешниот претседател Луис Фелипе Виера и неговиот правен советник Паул Гонсалвеш, но во целата истрага се вклучен и поранешни директори на Виторија Сетубал.
Споменатите се првообвинети за корупција, даночна измама и местење на фудбалски натпревари, а во прв план се два одиграни натпревари меѓу двата клуба.
Според обвинителството, Бенфика за симболична сума испраќала свои фудбалери на позајмица во Сетубал, а за возврат Виторија им пуштила два натпревари на „лисабонските орли“
Бенфика како клуб експресно ги демантираше ваквите „нагаѓања“ на обвинителството и цврсто верува дека станува збор за една голема заблуда, но исто така информираше и дека е подготвена да ја истера правдата на било кој суд во Португалија.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план