Македонија
Ѓуроски: Антиќ од вчера повеќе не е предводник на македонската кошарка, тој доби „црвен картон“

Вчерашното годишно Собрание на Кошаркарската федерација на Македонија помина како што помина, но повеќе од јасно е дека допрва не очекуваат нови случувања, настани околу врвот, тронот на нашата кошарка.
Постои незадоволство од работењето на првиот човек на федерацијата Перо Антиќ и неговите соработници, поточно има иницијативен одбор за промени кој го предводи долгогодишниот македонски кошаркар Младен Ѓуроски кој има амбиции да прв човек на нашата кошарка.
Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопшението на Ѓуроски:
-Перо Антиќ од вчера повеќе не е предводник на македонската кошарка, тоа веќе е јасно како ден. Со убедлив резултат 39-7, членките на Собранието на КФМ се изјаснија дека тој повеќе нема кредибилитет да биде на чело на макбаскетот. Антиќ можеби формално уште ја има функцијата претседател, но го нема тоа што е најважно – легитимитетот од клубовите, кои јасно му дадоа до знаење дека неговото време е минато и дека се потребни нови луѓе, со свежи идеи кои би го кренале овој спорт на далеку повисоко ниво од сега
-Тој на вчерашниот собир, со грубо кршење на деловникот, за момент избегна официјална смена од позицијата на која се наоѓа, но со тоа не се спаси туку само го пролонгира тоа што го сака огромното мнозинство од клубовите во Македонија. На Собранието дури 39 од присутните 46 членки му кренаа „црвен картон“ давајќи му до знаење дека треба да си оди, нешто што порано или подоцна ќе мора да го прифати како реалност. Антиќ мора да си замине и поради тоа што дозволи Собранието да се прекине без усвојување на финансискиот извештај на Федерација, што дополнително може да донесе реперкусии за македонската кошарка, а со тоа и за клубовите кои ја сочинуваат.
-Нашата борба не застанува тука, таа ќе продолжи сѐ до моментот кога ќе се испочитува волјата на клубовите. Наша цел не е насилно рушење и правење штета, туку промени во интерес на македонската кошарка, според сите правни и морални норми. Затоа ќе продолжиме легалистички, според Статутот на КФМ и законите на државата, да направиме сѐ за да се испочитува волјата на клубовите бидејќи сите заедно се бориме за подобро кошаркарско утре.
Младен Ѓуроски, кандидат за претседател на КФМ, со членовите на „Иницијативниот одбор“ за промени во КФМ
-
Италија6 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија7 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан5 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Италија5 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија9 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!