Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа и пружи силен отпор на втората носителка на турнирот во Германија, Србљак немоќен против првиот фаворит во Куршумлијска Бања

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа во еден интересен и динамичен меч доживеа пораз од Тара Вурт на фјучерсот во Ашафенбург, Германија.

Ѓорческа има негативен учинок во дуелите со Хрватката, серија која продолжува и по денешното соочување во кое тетовката беше максимално конкуретна, но во третиот и последен сет во кој решаваа нијанси загуби со 7-5 и со тоа го заврши настапот на турнирот.

Инаку првиот сет и припадна на Тара со 6-1, додека Лина возврати во вториот со 6-2.

Ова беше фјучерс кој се играше за земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Горазд Србљак успешно ги заврши квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, меѓутоа во првото коло во главната фаза наиде на првиот носител Стефан Поповиќ од Србија кој беше доминантен и славеше со 2-0 со 6-1 и 6-1 во сетови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни