Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ загуби од Синер, па му се обрати на Федерер кој беше на трибините (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Новак Ѓоковиќ не пронајде рецепт за да го совлада Јаник Синер во финалето во Шангај, иако самиот пред почетокот на мечот најави дека со сите сили атакува на својата 100-та титула во кариерата.

Србинот ќе мора да почека за остварување на овој јубилеј, но мора да се признае дека беше максимално релаксиран по поразот, што во оваа фаза од кариерата е и многу нормално за него.

Ѓоковиќ освои се што можеше да се освои во тенисот и навистина радува фактот што игра на врвно ниво и на 37-годишна возраст, а денеска за првпат имаше можност да игра на теренот пред еден од своите најголеми ривали во кариерата.

Рожер Федерер беше во свечената ложа и беше измеѓу Хуан Карлос Фереро и Карлос Алкарас, па тројцата во живо проследија како Синер излегува како победник по два одиграни сета (7:6 и 6:3).

Ѓоковиќ не ја пропушти можност да му се обрати на Швајцарецот за време на говорот по мечот, а Федерер се заблагодари и му се насмевна на Србинот кој покажа класа во оваа ситуација.

– Убаво е да ти видиме тука Рожер. Се навикнавме да те гледаме тука со нас на теренот. Мислам дека ова е првпат да играм пред тебе и имав дополнителен притисок. Одлично е што си тука….. Ти благодарам што си тука, истото важи и за Хуан Карлос и Карлос Алкараз, – порача Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни