АТП
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)

Поради физички проблеми и извонредното ниво на Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ не можеше да се прослави во својот 14-ти настап во едно полуфинале на Вимблдон, па по пауза од цели шест години, првпат нема да го гледаме во еден завршен чин на грен слем турнирот во Лондон.
Ѓоковиќ до оваа година беше дел од последните шест финалиња во Ол Ингланд клубот, но сега си заминува од Лондон еден ден порано и тоа го направи во свој стил.
Србинот не пропушти да го опише своето издание на годинешното издание на Вимблдон, а последната порака им ја испрати на фановите кои му даваат се поголема поддршка во последните две години.
Новак во минатото немаше баш голема поддршка од гледалишетото во Лондон, но тоа полека се менува во ситуација кога Ѓоковиќ е на залезот од својата кариера.
– Сакам да му честитам на Јаник за извонредниот настап. Беше посебно да се вратам на Вимблдон, да ја почувствувам возбудата и да бидам тука со моето семејство. Ти благодарам Вимблдон, турнир од соништата. За вас навивачите….. Вашата поддршка ми значи се, моето срце ви припаѓа на вам, се гледаме наскоро, – порача Ѓоковиќ.
Инаку на вчерашниот прес, Новак на новинарите им порача дека сака барем уште еднаш да настапи на Вимблдон, па со тоа јасно стави до знаење дека Британците треба да го очекуваат и наредната година.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија9 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет6 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив