Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ со очигледни физички проблеми настапи во своето рекордно 14-то полуфинале на Вимблдон, па во ситуација кога имаше потешкотии да се движи на теренот, едноставно немаше никаква шанса против светскиот рекет број еден.

Иако многумина ја доведуваа во прашање и состојбата со лактот на Јаник Синер, Италијанецот денеска покажа дека не чувствува никакви последици од падот во осминафиналето, па со жесток и агресивен тенис стигна до нова победа, петта во низа во пресметките со Ѓоковиќ.

Јаник славеше со 6:3, 6:3 и 6:4 и му зададе нов тежок удар на Ѓоковиќ, кој по поразот во полуфиналето не сакаше да зборува многу за повредата, туку за реалноста со која мора да се соочи во оваа фаза од кариерата.

– Имав физички проблем и не беше пријатно чувството на теренот, не не сакам да зборувам за тоа. Сакам да му честитам на Синер за извонредната игра. Беше пресилен и константен, а јас сум разочаран што не можев да се движам онака како што се надевав и замислсував дека можам, – изјави Ѓоковиќ, кој поради повреда оваа година не го даде најдоброто од себе и во полуфиналето на Аустралијан Опен.

– Реалноста ме погоди во глава како никогаш претходно во последната година и половина. Не е лоша судбина, едноставно телото не е исто како порано и да бидам искрен, многу ми е тешко да го прифатам тоа. Чувствувам и докажав дека можам да играм добар тенис кога сум свеж и фит, но оваа година ми се јавуваат потешкотии кога се игра на три добиени сета. Што подолг е турнирот, толку ми е потешко….. Играв полуфинале на сите грен слем турнири оваа сезона, но во таа фаза налетувам на Синер и Алкарас, а тие се свежи и наострени, додека јас сум со половина резервоар. Тоа е што е, морам да се изборам и да ја прифатам новата реалност.

– Во последно време не сум награден за мојата напорна работа на грен слем турнирите, но долго бев наградуван за тоа и благодарен сум му на Бог. Ќе биде неблагодарно сега да се жалам на повредата, бидејќи долго бев фит и имав неверојатна кариера. Сега се обидувам да го извлечам максимумот од тоа што ми преостана, – изјави Ѓоковиќ за кого ова беше прв пораз во полуфинале на Вимблдон по она од Рожер Федерер во 2012-та година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни