АТП
Ѓоковиќ откри кој рекорд сака да го собори: Уживам во тенисот…
Новак Ѓоковиќ лесно се справи со Григор Димитров (6:4, 6:3) и дојде до пехарот на Мастерсот во Париз.
Србинот во претходните рунди имаше далеку поголеми предизвици, противници за кои мораше да вложи многу труд и пот за да ги совлада, но во финалето беше на највисоко ниво и го освои седмиот пехар во Париз, вкупно 40. Мастерс од серијата 1000 или севкупно 97 титула во кариерата.
Првиот светски рекет сега има само 12 помалку од рекордерот по освоени АТП трофеи, Џими Конорс, рекорд кој Ѓоковиќ верува дека може да го собори, односно биде во негова сопственост во иднина.
-Што се однесува до рекордот по бројот на освоени АТП турнири, се е можно. Зошто да не се обидам да го соборам тој рекорд? Сега имам 12 помалку (Новак 97 – Конорс 109), но имам и уште неколку години успешен тенис и се трудам да уживам во овие моменти кои сега значат и вредат – двојно. Кога ќе ја земете предвид фазата од мојот живот и кариерата во која се наоѓам и да освојам толку голем турнир – иако на луѓето можеби им изгледа рутина, а воопшто не е – секоја победа на мастерс и грен слем ниво, навистина многу ми значи, -изјави Ѓоковиќ за Курир.
Where does it end for Novak Djokovic? 🤔 pic.twitter.com/ShJvyDucH6
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 5, 2023
-Одам по сите можни рекорди, се што можам да соборам. Никогаш не сум имал проблем тоа да го кажам, затоа и луѓето можеби не ме сакаат; Не се преправав како некој, да кажам дека тоа не ми е целта, а потоа да се однесувам поинаку… Секогаш се трудев да бидам во склад со она во што верувам, порача Новак.
-
Италија21 час
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА22 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Англија20 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија19 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија18 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет23 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Шпанија18 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)