Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри каква порака добил од Синер на мрежа и посочи кој е благ фаворит за освојување на титулата на Вимблдон

Објавено

на

Foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ беше целосно немоќен во дуелот со Јаник Синер во полуфиналето на Вимлбдон, при што за првпат после 13 години загуби во оваа фаза на грен слем турнирот во Лондон.

Српскиот тенисер имаше проблеми со движењето и очигледно беше дека не е доволно фит за да се надигрува со светскиот рекет број еден, а тоа се одрази и врз резултатот кој гласеше 6:3, 6:3 и 6:4.

За нешто помалку од два часа игра, Синер ја извојува петтата победа во последните пет пресметки со искусниот српски тенисер, кој наместо да говори за повредата, по крајот на мечот му оддаде признание на светскиот рекет број еден.

Ноле покажа класа и во прв план ја стави фантастичната игра на италијанскиот тенисер, од кого интересно добил и извинување по крајот на возбудувањата на теренот.

– Кога ми пријде на мрежа по крајот на мечот, Јаник ми се извини што ме победи во вакви околности. Ми се извини поради тоа што се чувствував лошо. Нема потреба да се извинува, очигледно е дека игра извонреден тенис, а тоа го прави веќе година и пол наназад. Тој е најдобар и најконстантен играч на светот, сега ќе има шанса да го освои својот прв трофеј на Вимблдон. Му посакав среќа, ова ќе биде прво финале за него на Вимблдон, – изјави Ноле, кој направи и мала најава за финалето.

– После финалето кое го играа во Париз, мислам дека очекувањата за ова финале се огромни. Тие се неверојатни, двајцата се неколку нивоа над останатите. Сите едвај го чекаат неделното финале, за мене Карлос е благ фаворит поради тоа што веќе има две титули. Има многу самодоверба во финалињата, но има само мала предност, ништо повеќе, – изјави Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни