АТП
Ѓоковиќ го призна поразот: Немав никаков проблем, Беретини ме надигра!

Новак Ѓоковиќ се врати на тениските терени и тоа со пораз на АТП турнирот во Доха.
Ова за Србинот беше прв настап по Австралија Опен каде се повлече по првиот сет во полуфиналето со Александер Зверев, па имаше различни информации за тоа колкава пауза за да ја санира повредата на мускулот. Проблемот е надминат, но Ѓоковиќ доживеа неочекуван пораз од Матео Беретини и тоа со 2-0 во сетови.
-Одигра совршен меч. Исклучително силен и прецизен сервис, висок процент на прв удар. Немав многу шанси на негов сервис. Особено во вториот сет. Имав две брејк топки во првиот. Секогаш го наоѓаше првиот сервис и беше многу агресивен, тактички одигра многу паметно.
-Одиграв два лоши гејма во вториот сет. Играв премногу пасивно. Ме шеташе низ теренот, диктирајќи го темпото. Предолго чекав да направи грешка. Му честитам на одличното издание. Имав блескави моменти повремено, но под посакуваното ниво. Очигледно, таа повреда и недостатокот на интензивни тренинзи значително придонесоа моето движење да биде послабо и моите сомнежи за моите удари да бидат поизразени, а тој тоа го искористи.
-Не чувствував никаква болка или непријатност. Едноставно бев надигран од подобар играч. Тоа не беше моето посакувано ниво, не се движев добро како што сакав. Нема оправдување. Одигра маестрално тактички, одлично сервираше и заслужи да победи, -рече Ноле.
Беретини по големата победа над Ѓоковиќ: Ова подолго време сакав да го направам
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…