АТП
Ѓоковиќ ги извести фановите за својата здравствена состојба по поразот на Лејвер Купот
Новак Ѓоковиќ загуби од Феликс Оже Алијасим на последниот натпреварувачки ден на Лејвер Купот, а неговиот пораз беше најава за победата на тимот на светот, прва откако се одржува ова тениско натпреварување во последните пет години.
По вчерашниот брилијантен ден во кој победи во сингл и дубл конкуренција, Србинот денеска едноставно не беше на препознатливо ниво и мораше да му честита на подобриот ривал, а неговите фанови останаа загрижени од болните гримаси кои ги покажуваше, со јасен сигнал кон десниот зглоб на десната рака.
– Се мачам со десниот зглоб на раката во последните четири-пет дена. Го држев тоа под контрола, но двата меча во низа вчера очигледно имаа влијание. Денес не ми беше лесно, не можев да сервирам брзо и прецизно како што сакав и тоа се одрази на играта. Има влијание и тоа што не играв речиси три месеци, а сега одиграв три меча во помалку од 24 часа.
– Се надевам дека ќе ја средам ситуацијата до првиот меч во Израел и турнирот во Тел Авив. Ова не е истиот зглоб со кој имав проблем пред неколку години.
– Од друга страна, Феликс играше извонредно, сервираше екстремно добро и не сакам да му одземам заслуги за победата. Одигра извонредно цел меч, беше цврст и од основната линија и заслужено победи, – изјави Ѓоковиќ, кој го најави и својот календар до крајот на годината.
– Целта ми е да се пласирам на завршниот турнир во Торино. Следат Тел Авив, Астана и потоа ќе играм и во Париз во Берси. Се надевам дека ќе играм и во Торино. Тоа е првичниот план, може нешто и ќе се промени, – изјави Ноле.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план