Свет
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…

Виктор Ѓокереш се наметна на светската сцена со своите фантастични изданија во Спортинг Лисабон и ова лето се очекува да направи голем трансфер во една од најдобрите лиги во Европа.
Најблиску засега е Арсенал со тоа што мора да се напомене дека премиерлигашот има проблем да постигне договор со португалскиот првак околу сумата за трансферот. Напаѓачот е лут затоа што претходно добил уверување во клубот дека нема да му прави проблеми кога ќе дојде време за преселба во топ клуб и засега останува се отворено.
-Фудбал е, никогаш не се знае. Не размислувам за тоа, ќе видиме што ќе се случи. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи. Најважно за мене е да играм за клуб кој навистина ме сака, -вели Ѓокереш кој сака да се врати на островот и да игра во ПЛ.
-Тоа е една од најголемите лиги во Европа. Поминав неколку години таму без да можам да одиграм ниту еден натпревар. Па, секако, тоа е нешто што би сакал да го направам. Тоа би била одлична одмазда, -порачува Швеѓанецот кој смета дека е на исто ниво со Кејн, Халанд и Левандовски.
-Дефинитивно сум еден од нив (топ напаѓачи). Тешко е да ме рангирате, но да, сега сум на иста маса со нив, -порача Виктор за „Франс Фудбал“.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)