Боречки спортови
Георгиевски и се обрати на цела македонската јавност пред заминувањето од Токио (Видео)

Неколку македонски спортисти допрва треба да настапат на Олимписките игри, но дел од македонскиот олимписки тим утре се враќа во главниот град откако заврши со своите обврски во Токио.
Без никаков сомнеж, утре во фокусот ќе биде сребреното момче со златен отсјај, фантастичниот Дејан Георгиевски кој вчера стана олимписки вицешампион во таеквондо.
Младиот 22-годишен Георгиевски и го донесе најсјајното одличје на Македонија од едни Олимписки игри по осамостојувањето, сето тоа заслуга на трите извонредни победи кои ги оствари на патот до големото финале.
Во период од неколку часа, цела македонска јавност се сплоти и му даде огромна поддршка на Георгиевски, а истата допре до него и од Токио. Пред заминувањето од јапонската престолинина, Георгиевски испрати порака преку таеквондо Федерацијата на Македонија.
– Голем поздрав до сите во Македонија. Ви благодарам за поддршката и енергијата која ми ја дававте на мене и мојот тим. Од ОИ во Токио доаѓам со сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток, заедно да го прославиме овој медал на плоштадот пред триумфалната порта во 19:30 минути. Ве очекувам во што поголем број, со цело срце за Македонија, – порача Георгиевски.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…