Поврзете се со нас

Репрезентација

Гечевски: Не знам како не сакаат да играат за Македонија, да застанат мирно на химната

Објавено

на

Спортскиот директор на македонската кошаркарса федерација, Тодор Гечевски денеска беше дел од пресот на кој главен фокус беше престојниот настап на сениорите на претквалификациите за Светското првенство.

„Црвено-жолтите“ ќе настапат со видно изменет состав во пресметките против Швајцарија и Словачка, а причините за тоа се различни, некои играчи се повредени, некои и покјра желбата не се доволно фит за настап, други пак сметаат дека нивното време е завршено во националниот тим, ама има и такви кои одлучија воопшто да не се појават, јават на повикот како што беше случај Ненад Димитријевиќ.

Легендата на нашата кошарка, Гечевски кој во минатот има поминато низ се со македонската репрезентација не може да разбере каков е односот на поединци кои едноставно не сакаат да помогнат на својата држава.

Како играч кој секогаш се повикувал за репрезентацијата и кога таа била на најниски гранки и во секакви услови, мене не ми е сфатливо како можат да не сакаат да играат за својата држава, за Македонија, да не им е гордост да го облечат дресот, да застанат мирно на химната, пред целата македонска јавност.

-Би сакал да се потсетам на 2011 година кога целиот народ се обедини и заедно го славеше историскиот успех. Како немаат желба повторно да го направат истото, да го направат среќен целиот народ. Тоа го направивме ние, па ракометарите, па сега фудбалерите. Не ми е јасно како немаат желба да видат среќни два милиона луѓе во земјава…

-Баш сега бевме сведоци на фудбалерите, колку го направија народот среќен. Фудбалот е фудбал, но и кошаркарите ако имаат успех, па дури и во младинските категории, соте ќе бидат пресреќни, -истакна искрениот Гечевски кој секогаш бил присутен и достапен кога играла нашата репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни