Англија
Галас: Сити ќе треба да игра на месечината ако…

Вилијам Галас долго време беше дел од англиската фудбалски елита настапувајќи за клубови како Челси, Арсенал и Тотенхем.
Французинот повеќе од една деценија настапуваше на островот и многу добро го познава фудбалот, состојбите во истиот, а и до ден денеска ги прати сите актуелности. Пред нас е почетокот на новата сезона, сезона во која пехарот одново го брани составот на Манчестер Сити кој воспостави доминација во англискиот фудбал.
Токму поради ова Галас смета дека време е некој друг да го преземе тронот, поточно Арсенал да биде исчекор затоа што ако четата на Гвардиола одново слави тогаш ќе треба да игра фудбал на месецината.
-Арсенал дефинитивно ќе биде мотивиран да ја освои Премиер лигата оваа сезона бидејќи не сака повторно да доживее губење на титулата во Премиер лигата на последниот ден од сезоната.
-Тоа ќе беше тешко за играчите на Арсенал да го прифатат. Кога ќе се доближите толку блиску, почнувате да трчате низ сезоната во вашата глава и да размислувате за тоа што сте можеле да направите поинаку. Кога играчите на Арсенал беа на одмор, тие размислуваа за ова, верувајте ми.
-Арсенал беше брилијантен минатата сезона, но за да го победиш Манчестер Сити, мора да бидеш совршен. Имаше две или три грешки кои го чинеа Арсенал титула – тие нема да сакаат да ги прават повторно. Има многу почит помеѓу Арсенал и Манчестер Сити. Играчите и менаџерите се познаваат многу добро. Повторно ќе се туркаат, но само еден тим може да биде крунисан за шампион.
-На Премиер лигата и треба некој кој ќе го запре Манчестер Сити. За лигата мора да има нов шампион оваа сезона. Можеби ќе мора да одат и да играат на месечината ако Манчестер Сити освои пет титули по ред, бидејќи нема да има тим на земјата што може да се натпреварува со нив, -вели Галас кој има освоено две премиерлигашки титули со Челси.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија7 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда