Поврзете се со нас

Италија

Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Милан не се прослави во минатата сезона во која го освои трофејот кој има најмало значање (Супер Купот на Италија) и притоа остане без место во европските купови за натпреварувачката 2025/2026.

Ова значеше дека ќе се направат значајни промени во клубот, процес кој започна и за кој извршниот директор Џорџо Фурлани верува дека ќе даде резултат.

-Не се обидов да го сокријам тоа и немаше смисла да се обидувам да го сокријам: минатата сезона не помина онака како што сакавме. Повторно почнуваме од оваа сезона со истата цел како и секоја година, а тоа е да бидеме конкурентни за да ги освоиме турнирите на кои учествуваме, -истакна Фурлани кој смета дека со Макс Алегри како тренер и Игли Таре како оперативец „росонерите“ ќе бидат на повисоко ниво.

-Таре и Алегри претставуваат многу важни пристигнувања за нашата структура, работиме соработувајќи со нив за да се осигураме дека ова ќе биде успешна сезона. Првите чувства се добри, но додека не почнеме да играме и да победуваме на натпревари, тоа не значи многу.

-Тие секако се професионалци со огромно искуство, признати по тоа што се на врвот на својата професија. Нивните кариери и трофејни витрини зборуваат за нив, и повторувам нашата амбиција е да освојуваме трофеи. Соработуваме добро и се надеваме дека првиот натпревар на 23 август ќе помине во вистинската насока, -порача Фурлани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни