Италија
Фудбалска рапсодија: Болоња со акција како на видео игра го торпедираше Лацио (Видео)

Лацио пред три дена играше натпревар во Лига Европа и потешко од очекувањата ја мина Викторија Плзен, но денеска беше очигледно дека тимот од италијанската престолнина нема да мине добро на „Ренато Далара“.
Разиграната Болоња покажа дека во овој момент можеби е и тим кој е во најдобар форма во Серија А, а извонредното издание против Лацио го комплетираше со бравурозна акција како на видео игра.
Домаќините немаа милост кон Лацио и испорачаа „петарда“ во мрежата на гостите, со тоа што последниот гол беше вистинско ремек-дело.
Фудбалската рапсодија на Болоња со извонреден гол ја круниса Фабијан, а претходно четири пати погодија Одгард, Орсолини, Ендоје и Кастро.
Со четвртата победа во низа Болоња успеа да се искачи на четвртото место на табелата, па втора сезона по ред е сериозен кандидат за пласман во Лигата на шампиони.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија4 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон