Поврзете се со нас

АТП

Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Карлос Алкарас ќе игра трето финале во низа на Вимблдон, откако одново се покажа како непогрешлив во едно полуфинале на централниот терен во Ол Ингланд клубот.

Двократниот шампион на Вимблдон денеска налета на исклучително расположен противник, но и покрај тоа што се мачеше на моменти, сепак во клучните моменти ги пронајде вистинските удари и на крајот обезбеди ново завршно сценарио во Лондон.

Тејлор Фриц пристигна на Вимблдон со две освоени титули на трева и покажа дека е еден од најопасните на оваа подлога и денеска, меѓутоа мораше да се задоволи со само еден освон сет, оној вториот.

Алкарас направи брејк на самиот старт на мечот и тоа беше доволно за да го освои првиот сет со 6:4, но Фриц значително го подигна процентот на првиот сервис во вториот сет и со брејк стигна до израмнување (1:1).

Бранителот на титулата во тој момент беше свесен дека ќе мора да го подигне нивото за да се најде во трето финале на Вимблдон, па во продолжение го направи тоа и ја оствари целта.

Третиот сет беше најубедлив и го доби со два брејка (6:3), додека во четвртиот, Фриц одново го даде најдоброто од себе и беше на чекор од обезбедување на петти одлучувачки сет.

Во тајбрејкот, Фриц поведе со 6:4 и имаше две сет топки, но Карлос успеа двете да ги одбрани, а со серија од 4:0 да стигне и до победа од 8:6.

Следно на програмата на Вимблдон е второто полуфинале, а во истото силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни