Германија
Флик за „лудиот“ Милер: Тој е феномен, намерно ме нервираше
Томас Милер е еден од најпозитивните ликови во светот на фудбалот, човек кој е легенда на Баерн Минхен и на германскиот фудбал.
Тој имаше многу важна улога во сите успеси на клубот, националниот тим во изминативе 10-15 години, немаше проблеми со ниту еден тренер и секогаш максимално си ја одработуваше задачата без разлика дали е стартер или резервист.
Новиот германски селектор Ханси Флик имаше можност да соработува за офанзивецот, па од сопствено искуство обелодени што значи да се тренира и да се води играч каков што е членот на баварците.
-Томас е феномен за мене. Тој не прави се како што треба во играта, но ви носи значително повеќе моменти на радост како тренер отколку моменти кога сте вознемирени од него – на пример, кога ќе излезе на корнер кога не треба, ја губи топката и се отвара контранапад.
-Понекогаш се смеам, имам чувство дека тоа намерно го прави за да ме изнервира и го крене адреналинот. но значи толку многу за тимот и овој клуб, никогаш повеќе нема да има некој како него. Она што го постигна во својата кариера е уникатно. Згора на тоа, тој е неверојатно приземјен и навистина добро момче, -истакна Флик.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план