Шпанија
Фиго 20 години по трансферот што ја раздрма Шпанија: Не се сеќавам дека него го гаѓаа со свинска глава…
Поранешниот легендарен португалски репрезентативец и член на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго се реши да проговори за трансферот кој направи фудбалски земјотрес во Шпанија.
Пред 20 години играчот од средниот ред се реши да ја замени Барселона со Реал Мадрид, нешто што навивачите на каталонскиот клуб не можеа да му го простат.
Во интервју за каталонскиот „Спорт“, Фиго се сети на моментите кога беше „персона нон грата“ во Барселона и се сети на гостувањата со Реал Мадрид на „Камп Ноу“.
Португалецот и ден денес смета дека не заслужил таков третман од навивачите на Барселона кои во една прилика ко гаѓаа и со свинска глава.
– Луѓето во Барселона заборавија една работа, а тоа е дека јас во клубот дојдов на местото на Лаудруп кој тогаш премина во Реал Мадрид. Не се сеќавам дека него го гаѓаа со стаклени шишиња и свинска глава кога се врати на „Камп Ноу“.
– Знаев дека ме чека пекол кога ќе се вратам, но тоа што го сторија навивачите на Барселона беше срамн, -изјави Фиго.
Фиго помина по пет сезони и во Барселона и во Реал Мадрид, а во 2005 потпиша за италијанскиот Интер каде остана до крајот на неговата кариера која заврши во 2009 година.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)