Репрезентација
ФФМ одреди популарна цена на билетите за натпреварот против Англија

Управниот одбор на македонската Федерација денеска имаше седница во Кичево и беа опфатени неколку точки од дневниот ред, но беше донесена и едногласна одлука за износот на билетите за последниот квалификациски меч кој го играме на домашен терен.
Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство по поразот кој го претрпе од Украина, но до крајот на квалификациите имаме уште два натпревари против големи великани.
Најпрво ќе и гостувамен а Италија на средината на месец ноември, а на 20-ти истиот месец ќе ја пречекаме Англија на националната арена „Тодор Проески“.
Новиот тревник ќе биде мотивација плус за нашите фудбалери да се прикажат во најдобро светло, но потстрек да бидат дел од натпреварот сега добиваат и фановите.
ФФМ одреди популарна цена на билетите за овој натпревар, па истите ќе се движат од 300 до 500 денари.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план