Формула 1
Ферстапен водеше 60 круга, но фантастичната стратегија на Мерцедес му донесе победа на Хамилтон
Макс Ферстапен го направи тоа што го посакуваше и го мина Луис Хамилтон уште на стартот, но иако ја водеше трката за Големата награда на Шпанија цели 60 круга, на крајот мораше да гледа како актуелниот првак лесно го минува со неговиот болид.
Ред Бул се одлучи за ризична стратегија со едно влегување во бокс, додека Хамилтон на 23 круга пред крајот, ги стави најмеките гуми и успеа да надокнади многу висока негатива во однос на Холанѓанецот, кој на крајот немаше никакви сили да се брани од нападот на Британецот.
Светскиот првак имаше заостанување од 23 секунди на 23 круга пред крајот, но откако излезе од вториот пит-стоп, едноставно „леташе“ по патеката во Барселона и на шест круга пред крајот едноставно го мина својот главен ривал за титулата. Во очајничките обиди да имаат барем најбрзо време, Ферстапен влезе по вторпат во боксот откако беше престигнат, па лошата стратегија му донесе само утешно најбрзо време кое му носи дополнителен бод.
Дефинитивно, победник на денот е Хамилтон благодарение на фантастичната стратегија и планот Б на Мерцедес, со кој Луис стигна до третиот триумф на четвртата трка во Ф1 шампионатот.
Валтери Ботас одново се задоволи со третото место денеска, четврт беше Леклер од Ферари, а во првите 10 се најдоа Перез, Рикиардо, Сајнц, Норис, Окон и Гасли.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план