Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен доби казна и остана без пол-позиција во Катар (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на патеката Лусаил поради фантастично извозен круг, но неколку часа по квалификациите, Формула 1 го остави без првото место.

Стјуардите во Катар одлучија дека новиот светски шампион сепак треба да добие казна од едно место, што значи дека утре ќе стартува зад Џорџ Расел.

Имено, Ферстапен во еден момент од завршната сесија за момент му сметаше на Расел додека Британецот бркаше најбрзо време, а стјуардите проценија дека тоа е прекршок доволен за мала суспензија.

Со оваа одлука, Макс остана без првата пол-позиција во последните пет месеци, а воедно и без 41-та во кариерата која веќе му беше препишана.

Според новиот поредок, Ферстапен утре ќе стартува втор зад Расел, а зад нив двајца ќе бидат Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни